Токио: Шестпартитните разговори за севернокорејската нуклеарна програма ќе продолжат идниот месец?

Шестпартитните меѓународни разговори за севернокорејската нуклеарна програма можеби ќе продолжат на втори идниот месец во Пекинг. Ова денеска во Токио, како што соопшти јапонското министерство за надворешни работи, го изјавил заменик шефот на кинеската дипломатија Ву Давеи. Не е прецизирано дали Соединетите Држави и северна Кореа го прифатиле овој датум. Претходната рунда од овие разговори во почетокот на месецов заврши без успех.