Нецерим: Продолжува евакуацијата на еврејското население од последната населба на Западниот Брег

Изреалските војници и полицајци влегоа во Нецерим, последната еврејска населба на Западниот Брег со цел да ги евакуираат тамошните шестотини жители. Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера им оддаде признание на војската и на полицијата за тешката задача што ја добија, но оцени дека сето тоа ќе биде за доброто на Израел. По евакуацијата на Појасот Газа, израелските сили се подготвуваат да исселат уште четири еврејски населби на Западниот Брег.