Газа: Продолжува насилната евакуација

Израелските безбедносни сили ја продолжуваат насилната евакуацуација на оние доселеници што се противат на планот на премиерот Ариел Шарон за повлекување од Појасот Газа по триесет осумгодишна окупација. Војниците денеска влегоа во Гадид, мала верска земјоделска заедница каде што неколку доселенички фамилии не сакаат да ги напуштат домовите. Израелските власти соопштија дека досега повеќе од две третини од дваесете доселенички населби во Појасот Газа биле испразнети.