Владивосток: Прва воена вежба на Русија и Кина

Русија и Кина денеска ја започнаа нивната прва заедничка воена вежба, која од генералите Јури Баулевски и Лианг Гуангли на церемонијата во Владивосток е оцената како историски настан. Во рамките на 5 дневната руско-кинеска вежба Мировна Мисија – 2005 ќе учествуваат 10 илјади војници, 140 бродови и подморници и 100 воени авиони и бомбардери.