Каиро: Стартува кампањата за претседателските избори

Во Египет денеска стартува кампањата за претседателските избори, први на кои има повеќе од еден кандидат. Под меѓународен притисок, актуелниот претседател Хосни Мубарак, за прв пат во последниве 24 години откако е на власт, дозволи учество и на други кандидати на изборите. Сепак, главните опозициони партии најавија бојкот на претседателските избори, сметајки дека нема да бидат фер и демократски.