Москва: Петмина руски војници загинаа во судири со чеченските бунтовници

Висок руски офицер и 4 војници загинаа денеска во судири со чеченските бунтовници , пренесуваат руските медиуми. Високиот офицер на јужниот чеченски регион Урус Мартан, Александар кајак е убиен во борба со бунтовниците во раните утрински часови, пренесео агенциите Интерфакс и Итар Тас. Тој предводел група војници кои влегле во едно село околу 23 километри од главниот град Грозни, каде бунтовниците ја нападнале куќата на цивилниот администратор кој ја ужива подршката на Москва, при што биле убиени уште четири војници. Куќата била запалена до темел, но администраторот останал неповреден.