Виена: МАА го повика Иран да запре со работата на конверзија на суров ураниум во гас

Меѓународната агенција за атомска енергија го повика Иран да ја запре работата на конверзија на суровиот ураниум во гас, процес што претставува почеток на добивање нуклеарно оружје. Резолуцијата веднаш беше критикувана од официјален Техерен, кој најави дека нема да ја почитува. Американскиот претседател Џорџ Буш пак оцени дека резолуцијата претставува прв позитивен чекор во врска со контроверзната иранска нуклеарна програма.