Лондон: Одложени сите летови на „Бритиш Ервејз“ поради штрајк

Сите летови на компанијата Бритиш Ервејз од лондонскиот аеродром Хитроу се одложени до шест часот попладне. До ова дојде поради штрајкот на илјада вработени кои во компанијата се задолжени за транспорт на багажот. Тие, како што јавуваат агенциите, ја прекинале работата во знак на солидарност со околу стотина работници што биле отпуштени од една фирма која обезбедува јадење во авионите.