Белград: Враќање на телата на 84 Албанци убиени за време на војната на Косово

Српските власти денеска ќе ги вратат телата на осумдесет и четворица албанци убиени за време на војната на Косово. Телата беа ексхумирани од масовната гробница во близина на полицискиот центар за обука кај Белград. Телата ќе им бидат предадени на нивните семејства во Мердаре, четириесетина километри северно од Приштина.