Виена: Потребни уште неколку дена за поставување камери за следење на иранската нуклеарна програма

Портпаролот на Меѓународната агнција за атомска енергија Мелиса Флеминг денеска во Виена изјави дека на инспекторите ќе им требаат уште неколку дена за да постават контролни камери во централата каде што Иран сака да ја продолжи нуклеарната програма. Во минатата недела Иран соопшти дека ја отфрла понудата на Европската Унија за прекинување на програмата која, според Вашингтон, има за цел да се дојде до нуклеарно оружје.