Москва: Спасен екипажот на руската подморница заробена во водите на Пацификот

Екипажот на руската мини подморница која во четвртокот беше заробена во водите на Пацификот во близина на Камчатка на длабочина од 190 метри, денеска е ослободена, соопшти руската морнарица. Сите 7 членови на екипажот се чуствуваат добро, а на повбршина излегле сами, откако британскиот подводен робот познат како Шкорпион 45, успеал да ги исече рибарската мрежа и другите кабли кои биле заплеткани на моторот на подморницата. Како што изјави адмиралот Виктор Фјодоров, по акцијата на британските спасувачи, екипажот успеал да го отвори оклопот и да излезе во просторот на спасувачкиот брод, пренесе Интерфакс. Руската морнарица се заблагодари на британската спасувачка екипа која го ослободи екипажот на мини подморницата Батискафа.