Вашингтон: Продолжувањето на борбите најдобар начин за оддавање почит на загинатите маринци

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека најдобар начин за да им се одаде почит на четиринаесете маринци кои вчера загинаа во Ирак е продолжување на борбите против ирачките бунтовници. ,,Во војна сме. Се соочуваме со немилосрден непријател. Ако поставиме временска рамка за нашето повлекување, непријателот ќе постави тактика,,, рече Буш.