Техеран: Иран го продолжува ултиматумот за ЕУ за уште еден ден

Иран соопшти дека за уште еден ден го продолжува рокот во кој Европската Унија треба да ги изложи предлозите за решавање на проблемите во врска со иранската нуклеарна програма. Претставник на иранското министерство за надворешни работи изјави дека доколку денеска Унијата не ги изнесе предлозите, Иран ќе ја продолжи работата околу збогатувањето ураниум. Германија, Франција и Велика Британија, кои подолго време преговараат со Иран, соопштија дека пакетот предлози ќе биде готов неделава.