Ријад: Почина саудскиот крал Фахд

Денеска почина саудискиот крал Фахд, соопштија медиумите во Саудиска Арабија. Фахд беше во болница од мај поради проблеми со дишењето. Инаку, од 1995 година, кога кралот Фахд се разболе, дневните активности во кралството ги водеше неговиот полу-брат, принцот Абдула, кој сега автоматски стана нов крал на Саудиска Арабија.