Багдад: Нови жртви додека трае подготовката на предлогот на новиот устав

Ирачката полиција соопшти дека седуммина цивили биле убиени во експлозија на автомобил бомба на 50 километри јужно од Багдад. Автомобилот бил оставен покрај патот, близу контролен пункт и бил детониран далечински. Во два одвоени напади во Багдад, петмина американски војници се убиени, соопшти американската војска. На политички фронт пак, се очекува драфтот на новиот устав да биде објавен на време пред состанокот на парламентот на 15 август за усвојување.