Пекинг: Продолжуваат шестпартитните преговори за северно корејската нуклеарна криза

Четвртата рунда на шеспартитните преговори за северно – корејската нуклеарна криза денеска со позитивни сигнали продолжуваат во Пекинг. Пјонгјанг најави дека е готов да соработува во напорите на Корејскиот полуостров да нема нуклеарно оружје. Американскиот преставник Кристофер Хил пак изјави дека Вашингтон нема намера да ја нападне Северна Кореја.