Скопје: Потпишан договор за пдоажба на земјиштето за изградба на амбасада на САД

Во македонската влада денеска беше потпишан договор за продажба на државното земјиште на локалитетот Градиште на скопското Кале за изградба на амбасада на Соединетите Држави. Договорот го потпишаа министерот за транспорт и врски Џемали Мехази и вршителот на должноста амбасадор Пол Волерс. Станува збор за површина од над четириесет и четири илјади квадратни метри, а вредноста на земјиштето е околу два ипол милиона евра. Новиот објект на американската амбасада се очекува да почне да се гради на пролет идната година и се очекува да трае две години.