Каиро: Египетската полиција трага по шестмина Пакистанци

Египетската полиција соопшти дека е во потрага по шестмина пакистанци кои биле во Шарм ел Шејк за време на терористичките напади во кои загинаа осумдесет и осум лица. Тие исчезнале од хотелот каде што престојувале, оствајќи ги своите пасоши на рецепција. Во меѓувреме, странските туристи продолжуваат да ги напуштаат египетските туристички места, страхувајќи од нови бомбашки напади.