Шарм ел Шеик: Повеќе амбасади спроведуваат итна евакуација на туристите

Повеќе европски амбасади во Египет започнаа итна евакуација на своите граѓани од летувалиштето Шарм ел Шејк каде ноќта меѓу петокот и саботата во терористичките напади загинаа 88 луѓе, вклучувајќи и осум странски државјанин. Специјални евакуациони центри од вчера формираа Германија, Италија, Велика Британија, Израел и Србија и Црна Гора. Засега нема информации дали порано од планираното во земјата ќе се вратат и околу 300-те македонски туристи, колку што во моментов се наоѓаат во Шарм ел Шејк.