Ерусалим: Двајца Израелци убиени во напад на Палестинци

Двајца Израелци се убиени, а 4 други се ранети во напад извршен утринава од страна на палестинци врз воен конвој на главниот пат кој го поврзува појасот Газа со Израел, пренесуваат агенциите. Војската соопшти дека во нападот животот го загубила брачен пар, и двајцата припадници на израелската армија. По нападот вооружените палсестинци се судриле со израелските војници при што според очевидци бил ранет еден палестинец, но израелската војска не ја потврди ваквата информација. Одговорноста за нападот ја презедео организациите Исламски Џихад и Ал Акса.