Лешок: Денеска предавање на возобновениот храм Свети Анастасиј

Во тетовското село Лешок денеска ќе биде предаден вознобновениот манастирски храм Свети Атанасиј, еден од ретките споменици на културата кој за време на конфликтот во две илјади и првата година беше целосно разурнат. Обновата светилиште што официјално ќе ни биде предадено од Агенцијата за обнова и реконструкција при Европската Унија, пред се ќе биде одраз на нивното пријателство, хуманост и на нивните искрени стремежи и гаранција за траен мир, се вели во соопштението од Кабинетот на Полошко кумановската епархија во врска со денешната свеченост.