Лондон: Британската полиција го уапсила и вториот осомничен за неуспешните терористички напади

Британската полиција соопшти дека денеска го уапсила и вториот осомничен, од четворицата за кои се трага по завчерашните неуспешни терористички напади во транспортниот систем во Лондон. Вчера, според некои наводи, бил уапсен првиот, а во тек е широка полициска акција за апсење на преостанатите. Две недели по трагичните експлозии во лондонското метро во кои загинаа над пеесет луѓе, птред два дена експлодираа неколку детонатори во метрото и во еден автобус, но се мина без човечки жртви.