Хавана: Полицијата уапсила група од дваесетина дисиденти

Кубанската полиција уапсила дваесетина луѓе, вклучувајќи ги и лидерите на една дисиденска група. Ова, како што јавуваат агенциите, било најмасовно приведување на дисиденти од две илјади и втората година кога беа уапсени над седумдесет. Приврзаниците на претседателот Фидел Кастро, по вчерашното апсење одржале демонстрации пред домовите на уапсените. На дваесет и шестти јули ќе биде одбележена пеесет и две годишнината од кубанската револуција.