Свет: Поздравена одлуката на Кина за пофлексибилен валутен систем

Светот ја поздрави одуката на Кина да прифати пофлексибилен валутен систем. Пекинг вчера соопшти дека веќе нема да ја врзува вредноста на јуанот со американскиот долар туку со група странски валути со што автоматски го зајакна јуанот во однос на доларот за 2 процента. Претседателот на американските федерални резерви Алан Гринспен и секретаот за финансии Џон Сноу рекоа дека е тоа прв битен чекор за Кина и за светската економија во целина. Кинеската одлука е поздравена и од Јапонија, Австралија и Тајланд кои сметаат дека нивниот извоз во Кина сега ќе биде зголемен и поефтин бидејки досега јуанот беше под својата вредност.