Приштина: Демонтирана бомба во близина на полициска станица во центарот

Полицијата синоќа повеќе часа под блокада ја држеше главната улица во Приштина каде што од КФОР и локалната полиција беше демонтирана поставена бомба во близина на полициската станица. Според полициски извори бомбата ја поставиле две малолетни лица.