Пекинг: Најмалку 746 загинати во поплавите во Кина

Најмалку 746 лица загинале во поплавите кои последниве неколку недели ја погодија Кина, јавија денеска кинеските медиуми повикувајки се на националната служба за заштита од поплави. Според кинеските медиуми 191 лице сеуште се водат за иисчезнати. Во текот на поплавите кои ги предизвикуваат летните врнежи од дожд кои траат од јуни до август во Кина секоја година страдаат стотина луѓе. Најголем број луѓе загинаа во поплавите летото 1998 година кога животот го загубија 4 илјади 150 луѓе.