Вашингтон: 11 американски војници обвинети за насилство врз осомничени напаѓачи во Багдад

Американската војска соопшти дека 11 војници се обвинети за насилство врз осомничени заробени напаѓачи во Багдад. Во соопштението не е прецизирано за какви насилства станува збор, а до обвинијата дојде откако еден војник се жалел дека другите вршат насилство врз заробеници. Агенциите јавуваат и дека денеска во Басра од бомба загинале тројца британски војници. Инаку во во вчерашните бомбашки напади во Ирак најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени, јавија агенциите.