Газа: Воведена вонредна состојба

Палестинските власти воведоа вонредна состојба во Појасот Газа што, според агенциите, покажува дека е нарушено петмесечното примирје меѓу израелците и палестинците. Во денешните судири со израелските сили, како што се јавува, загинале двајца палестинци, додека деветмина други биле ранети. Изутрината, израелски хеликоптери изведоа неколку воздушни напади во Газа. До нападите во кои немало жртви дојде откако една израелка била убиена од минофрлачка граната.