Пекинг: Посета на претседателот на Европската комисија Хозе Баросо

Европската Унија е длабоко решена да ги продлабочува односите со Кина, изјави претседателот на Европската Комисја Хозе Баросо во Пекинг. Европската Унија ги претекна Соединетите Држави станувајќи најголем трговски партнер на Кина. Баросо изјави дека Унијата и Кина треба да ги надградат односите и во политичките односи, човековите права, миграцијата и анти-тероризмот.