Флорида: Пристигна ураганот Денис

Ураганот Денис пристигна на бреговите на Алабама и Флорида со брзина од над сто деведесет километри на час. Огромните бранови, како што јавуваат агенциите, достигнувале височина на четирикатница. Досега, освен за материјална штета, нема извешати за жртви. Ураганот Денис претходно на Куба и Хаити однесе над триесет животи.