Хаити: Најмалку сто лица исчезнати во поплави

Најмалку 100 луѓе се водат за изчезнати во југозападниот дел на Хаити во поплавите кои беа предизвикани од ураганот Денис, соопштија офицјални преставници на ОН. Мировните сили на ОН и локалните спасувачи пронашле 5 тела кои покрај 40 други изчезнаа кога надојдената вода го сруши мостот во југозападниот град Гранд Гоаве, изјави преставникот на ОН Марк Бројд. Истрагата по преостанатите лица продолжува.