Лондон: Тони Блер свика итна седница на владата

Британскиот премиер Тони Блер по враќањето од самитот на Ге осум во Шкотска свика итна седница на британската влада посветена на терористичките напади во Лондон. Во меѓувреме, полицијата ја продолжува потрагата по одговорните за нападите во кои загинаа над пеесет луѓе, додека седумстотини други беа повредени. Одговорноста за нападите ја презеде досега непознатата група која себе си се нарекува Организација на Ал Каида во Европа.