Лондон: Најмалку двајца загинати и стотици ранети во експлозии

Според последната информација имало експлозија на три автобуса во Лондон. Претходно во експлозијата на автобусот во централен Лондон имало и неколку повредени лица Полицијата го затвори подрачјето на Тависток Сквеар. Властите засега не се сигурни што ја предзвикало експлозијата на овој автобусот. Други детали засега нема. Полиција, Абулантни возила и прва помош инаку пристигнаа веднаш на Ливерпул стреет подземна станица во Лондон по извештајите за експолозијата во која исто така има неколку ранети лица и која предизвика хаос во сообраќајот. Засега се верува дека инцидентот го предивикало ненадеен недостиг на електрична енергија. Евакуирани се и многу други станици. Подземната железница во Лондон е затворена, а полицијата јавува и за друг инцидент на Едгвеар станицата.