Тирана: Бериша победи на изборите

Опозиционата Демократската партија на Сали Бериша е победник на парламентарните избори во Албанија. Според централната изборна Комисија во мнозинскиот дел демократите добиле 55 од 100 пратеници, а досега владеачките социјалисто освоија 42 места. Останатите 40 места во парламентот се пресметуваат по пропорционален модел. Демократите на Бериша најавија коалициона влада со Републиканската Партија.