Багдад: Двајца цивили загинаа во експлозија на автомобил бомба

Двајца цивили загинале во Багдад од експлозија на автомобил бомба активирана со далечински управувач. Во Мосул пак е убиен висок член на Курдската Демократска Партија. Ова се последните насилства во Ирак. Во меѓувреме Египет ги повика киднаперите на нивниот претеник во Багдад Ихаб ал Шариф да го третираат како арапски патриот. До киднапирањето дојде откако Египет соопшти дека има намера како прва арапска земја да наименува амбасадор во Ирак.