Багдад: Киднапиран египетскиот амбасадор

Египетскиот преставник во Ирак Ихаб ал Шериф е киднапиран во Ирак само неколку недели по пристигнувањето во оваа земја , соопштија денеска египетски дипломати. Дипломати од Каиро и Багдад наведуваат дека Ал Шариф бил киднапиран синоќа во Багдад. Шариф допатува во Багдад на 1 јуни, а две недели потоа египетската влада одлучи да отвори амбасада во Ирак, но сеуште не е јасно дали Шариф бил назначен за амбасадор. Инаку Египет ја повлече својата амбасада од Багдад 1991 година по ирачката инвазија на Кувајт.