Луцерн: Собир на политичари од Балканот

Во Луцерн – Швајцарија денеска започнува дводневен собир на политичари од Балканот на тема ,,Косово и регионот се готват за промени,,. Во Приштина како што се јавува во меѓувреме специјалниот преставник на Обединетите Нации Каи Еиде ќе разговара со преставници на Српскиот Национален Совет. Тој вчера ја почна мисијата на Косово за оценка на исполнување на стандардите на Косово.