Богота: Најмалку 25 војници загинати во судири во Колумбија

Најмалку 25 владини војници загинаа, осум се ранети, а 19 се водат како исчезнати, во неколку одвоени судири со левичарските бунтовници во Колумбија, на границата со Еквадор и Венецуела, соопшти денеска колумбиската армија. Во вчерашните судири и се нанесени најголемите удари на војската откако на власт од пред три години дојде претседателот Алваро Урибе.