Техеран: Конзервативниот градоначалник на Техеран, Махмуд Ахмадинеџад нов претседател на Иран

Конзервативниот градоначалник на Техеран, Махмуд Ахмадинеџад ќе биде новиот претседател на Иран. Според сеуште неофицијалните резултати од вчерашниот втор круг претседателски избори, Ахмадинеџад освоил 62 насто од гласовите, а неговиот против-кандидат Хашеми Рафсанџани 35 насто. Изборот на новиот претседател мора да го потврди Советот на чуварите на исламската револуција, врховно верско тело. Аналитичарите оценуваат дека со Махмуд Ахмадинеџад како претседател, во Иран ќе запрат реформите.