Цената рефлексија на големата побарувачка

Скокот на цената на нафтата е рефлексија на големата побарувачка на сеуште главното гориво на Земјата и покрај долгогодишните предупредувања дека залихите се намалуваат. Цената на барелот сурова нафта достигна историски 59 долари и се смета дека ке се стабилизира некое време на околу 60 долари. Но засега светската економија односно главните потрошувачи не изгледаат загрижени.
Како и да е велат економистите, нешто како да недостасува на сцената. Нема паника, нема агонија поради рекордната цена на нафтата за разлика од кризите во 1973 – 1974 и 1979-1980 година.

„Аналитичарите се изненадени зошто високите цени не ја редуцираа побарувачката.“

вели Маночеки Такин од Лондонскиот центар за глобални енергетски студии. Постојат две објаснувања, смета Такин. Едното е пролонгираната слабост на американскиот долар кон еврото и јенот и второ во Европа тоа се пролагодливите даноци. Во Соединетите Држави пак даноците се и онака ниски така што овие две образложенија не држат. Таму потрошувачката дури порасна во последните 4 недели во периодот до 10 јуни. Такин сепак вели дека овој шок не е толку голем како во претходните две кризи. Теро Баудин од Ес Ге Комодити од Париз вели дека сето ова е грешка на нафтената индустрија.

„Тоа е последица на послабите вложувања во нафтената индустрија со години наназад. Може да се реши проблемот, но требаат многу пари.“

Тој вели и дека земјите производители не ги отвораат доволно нивните резреви за западните компании. Портпаролот на ОПЕК Абдул Рахман ал Хераиги пак смета дека производителите не можат да се обвинат за високите цени на нафтата.

„Проблем се рафинериите, рафинериите и само рафинериите.“

Имено рафинериите стареат, а во Соединетите Држави дополнителен проблем е што многу од рафинериите можат да произведат само таканаречена лајт нафта. Тоа ги прави неспособни да се справат со течката односно соур горивото произведено во земјите на ОПЕК. Затоа, како што вели портпаролот на ОПЕК, ако нешто не се стори со рафинериите, цената на нафтата и натаму ќе расте. Аналитичарите предупредуваат дека недостигот на производот посебно може да се продлабочи во зима кај оние земји кои се греат на нафта.