Вашингтон: Американските сили нема да заминат од Ирак до завршувањето на мисијата

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека ја разбира опасната и тешка ситуација во Ирак, но оти американските сили нема да си заминат од таа земја се додека не ја завршат својата мисија. По самитот со лидерите на Европската Унија во Вашингтон, Буш оцени дека односите со европските сојузници се подобруваат и оти заеднички ќе му помагаат на Ирак да стане демократска земја. В среда во Брисел започнува конференција за обнова на Ирак.