Сеул: Јужнокорејски војник уби осум колеги

Еден јужнокорејски војник, кој бил малтретиран од претпостевни офицери, се одмазди со тоа што денеска уби осум војници, соопшти Министерството за одбрана на Јужна Кореја. Војникот, кој е идентификуван само по презимето Ким, испукал 40 куршуми од својата пушка врз други војници и фрлил бомба во касарната во Јончон, 60 километри северно од Сеул.