Аризона: Се урна воен авион, нема жртви

Американски воен авион денеска се урнал врз една семејна куќа во градот Јума во Аризона, но нема загинати или ранети. Пилотот на авионот од типот Хариер, како што е соопштено, по забележаните проблеми во летот се катапултирал по што авионот се урнал во куќата во која за среќа немало никој.