Камбоџа: Вооружени лица држеле во заложништво триесетина деца

Во едно Меѓународно училиште во северна Камбоџа вооружени лица од изутрината држеле во заложништво триесетина деца, повеќето странски државјани, и неколку учители. Заложничката драма, како што јавуваат агенциите, завршила со вооружена пресметка меѓу киднаперите и полицијата во која, според полицијата, загинало едно дете, а четворицата грабнувачи биле уапсени. Тие барале пари, оружје и автомобил за да го напуштат училиштето во градот Сиам Рап. Станува збор за врвна туристичка дестинација во Камбоџа на двесте километри, северозападно од главниот град Пном Пен.