Вашингтон: САД не планираат затворање ан затворот во Гвантамо

Американскиот потпретседател Дик Чејни изјави денеска дека во овој момент не се планира затворање на американскиот затвор во воената база Гвантанамо на Куба. Важно е да се разбере дека луѓето кои се во тој затвор се лоши, изјави Чејни во врска со се почестите барања за затворање на Гвантанамо каде што повеќето затвореници се талибанци од Авганистан.