Кандахар: Четворица американски војници ранети во експлозија на автомобил бомба

Четворица американски војници биле ранети во денешната експлозија на автомобил бомба во близина на авганистанскиот град Кандахар, соопштија американски воени извори. Претходно, претставник на авганистанската полиција изјави дека во самоубиствениот напад имало петмина загинати американски војници. Одговорноста за нападот ја презеде една талибанска милитантна група.