Белград: Николас Барнс на мини балканска турнеја

Американскиот државен потсекретар Николас Барнс денеска е во Белград во рамките на мини балканската турнеа. Барнс претходно во Приштина изјави дека оваа година е период за носење одлука за статусот на Косово. Соединетите Држави во целост ги подржуваат луѓето во регионот да ја одредат својата иднина, рече Барнс, додавајки дека доколку работите се движат во вистинска насока, ќе има разговори за статусот.