Вашингтон: Разговори Блер - Буш

Британскиот премиер Тони Блер пристигна во Вашингтон на разговори со американскиот претседател Џорџ Буш. Како главни теми се посочени британскиот предлог за олеснување на долгот на африканските земји и меѓународниоте напори за спречување на глобалното затоплување. Посетата на Блер на Вашигтон е дел од неговата турнеја низ земјите членки на групата осум најразвиени земји пред нивниот самит во идниот месец во Шкотска.