Багдад: Дваесетина загинати во неколку експлозии

Во денешните неколку експлозии во Ирак, како што јавуваат агенциите, загинале двесетина луѓе. Нападите се случиле во местото Хавиџа на околу двесте и пеесет километри северно од Багдад. Во меѓувреме, ирачките и американските сили ја продолжуваат офанзивата против ирачките бунтовници. Според ирачките власти, во досегашното спроведување на офанзивата биле уапсени над деветстотини бунтовници.