Флорида: Генерално собрание на Американските држави

Во Флорида почна Генералното собрание на Организацијата на Американските држави. Пред седницата американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека Вашингтон сака да создаде механизам за зацврстување на демократијата во регионот. Ваквата идеја, како што јавуваат агенциите, била дочекана со скептицизам меѓу учесниците на состанокот. Претседателот на Венецуела Хуго Чавез ги обвини Соединетите Држави дека се обидуваат да станат диктатори на светот.